Владата донесе одлука да донира хеликоптери на Украина

Од:

Владата на денешната седница донела одлука да донираме хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.

Владината прес-служба вечерва соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина.

-Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Тревога во Киев: Резиденцијата на Зеленски и уште 20 клучни цели се цел на напад

Русија во војната загубила над 350 илјади војници, објавија независните руски медиуми

Русија го прекрши примирјето, објави Украина, конфликти и на фронтот

ВИДЕО: Фицо од авион драматично порача дека „не прифаќа нова железна завеса“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На војната во Украина и доаѓа крајот, вели Путин

Провокација: Зеленски издаде „дозвола“ на Русија за парада на Црвениот плоштад

Предраг Петровиќ