Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за естонската телевизија сугерираше дека Украина би можела да започне офанзива во април или мај, користејќи тенкови испратени од Западот.
Резников рече дека тенковите Леопард од германско производство, кои почнаа да пристигнуваат во Украина, ќе бидат дел од „контраофанзивна кампања според одлуката на нашиот Генералштаб, кој ја планира во различни насоки“.
„Ќе зависи од временските услови. Во текот на пролетта, нашата почва е доста влажна. Мислам дека ќе видиме тенкови во следните два месеци“, рече Резников.