Овие невистини беа веднаш демантирани од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска.Не сум изненадена бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет води антиЕУ и антиНАТО кампања, хајка против министерката за одбрана рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска зборувајќи за тоа што Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на седница на пратеничките прашања објави детали од медицински извештај и побара одговорност од министерката за одбрана Петровска.
– Тоа покажува дека тие не се реформирана партија, делуваат исто како што делуваа 11 години додека беа на власт и сега во опозиција. Тоа се навреди, омаловажувања, лична дискредитација. По таа линија се заедно со Левица токму затоа што тие покажуваат дека антиЕУ и антиНАТО кампањата за нив е секојдневие вели Тасевска.