Да не се драматизира промената на Уставот и вметнувањето на Бугарите, порача австрискиот претседател

Од:

Немојте да ја изгубите целта од вид, да работиме заедно, за скорешен прием на Северна Македонија во ЕУ. Австрија останува ваш сигурен партнер, изјави австрискиот претседател Алексанадар Ван дер Белен на денешната заедничка прес – конференција во Скопје со неговиот домаќин шефот на државата Стево Пендаровски.

-Вие сте на вистинскиот пат и Австрија целосно ќе ве поддржува во тоа. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и да продолжите по својот пат кон ЕУ. Австрија целосно ќе ве поддржува на тој пат, рече Белен.

Тој нагласи дека земјава со Охрискиот рамковен догор е пример во регионот во однос на етнички и религиски соживот, а за да продолжи процесот на проширување би било нужно да се промени Уставот. Во Австрија, вели, знаат дека промената на Уставот е нешто што политички предизвикува тензии, но, треба да се гледа напред, да се работи во правец на заедничка европска иднина.

-Знаеме дека вашиот пат кон ЕУ е тежок, дека фрустрацијата за времетраењето на процесот е разбирлива, но ве молиме немој да ја изгубите целта од вид. Хрватска покажа дека приемот е можен кога сите значајни политички сили влечат во ист правец. Да работиме заедно за скорешен приem на Северна Македонија. Јас можам да гарантирам дека Австија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер, вели Ван дер Белен

На новинарско прашање во однос на поддршката на уставните измени, тој истакна дека ќе одржи говор во Парламентот и ќе ги замоли сите пратенички групи да размислат што во спортивност се става на ризик. – Да не се драматизира овој чекор, вели Белен.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата