(ВИДЕО) „Кочи, кочи, кочи“: Со нивната брза реакција спречија трагедија во верижната сообраќајка кај Суботица

Од:

На стариот пат Суботица – Жедник вчера се случи сообраќајна незгода во која учествуваа дури 14 возила. Поради силниот ветер и песочната бура видливоста била намалена, па дошло до верижен судир.

Никој не е сериозно повреден, иако сликите изгледаат апокалиптично. Како изгледало се покажува снимката на социјалните мрежи на која се гледа како мажи од едниот автомобил кој излетал од патот му викаат на возачот од другиот автомобил да закочи за да спречат трагедија.

Момчињата се фудбалери на ТСЦ од Бачка Топола, се наведува на Твитер.

Шест патници се префрлени во Општата болница во Суботица, но ниту еден од учесниците во оваа сообраќајна несреќа не се здобил со потешки повреди.

Поради слични услови неодамна, на 12 март, верижен судир се случи и во Унгарија, но последиците беа многу потешки. Имено, во тој судир учествувале дури 43 возила и имаше патници кои загинале.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија