На плоштадот „Магнолија“ во Битола утре во 19.00 часот ќе се одржи протест под мотото „Правда за Јана“ и „Сите сме Јана“.
Според најавите на социјалните мрежи каде што е објавен повикот, целта на пртоестот е да се насочи вниманието кон состојбите во македонското здравство.
Јана почина минатата недела на Детското одделение во битолската болница каде била донесена со симптоми на настинка и повраќање.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана откако семејството изрази сомнеж за лекарска грешка.
Се чекаат резултатите од обдукцијата која треба да ја утврди конкретната причина за смртта на девојчето.