АВАЈА: Девојче понижувано од наставничка во основно училиште во Кочани бидејќи носело шамија

Од:

Граѓанското движење АВАЈА доби информација од загрижен родител чие девојче веќе неколку дена во ООУ „Малина Попиванова“ во Кочани е понижувано и омаловажувано од страна на наставничката бидејќи носело шамија. Наставничката веќе неколку дена пред соучениците го понижувало девојчето со зборовите “ти не си стара жена да носиш шамија” и побарала да ја извади шамијата информираат од движењето.

– По реакција на девојчето, родителот загрижен успеал да стигне да разговара со психологот и педагогот во училиште каде му биле упатени закани дека на девојчето нема да и биде дозволено да продолжи да посетува настава доколку не ја извади шамијата. Родителот укажал дека тоа не е спротивно на ниту еден закон и побарал официјално да му биде укажано за причините поради кои не може неговото дете да посетува настава со шамија. Откако не добил одговор таткото бил турнат од страна на психологот и отстранет од училиштето. АВАЈА најостро го осудува овој случај на дискриминација по верска и етничка основа и бара да се испита целиот случај од страна на Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и Општина Кочани и да се преземат соодветни чекори за решавање и санкционирање на лицата вклучени во омаловажување и малтретирање на ромското девојче. АВАЈА ќе достави претставка до Народниот Правобранител и ќе го пријави овој случај до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Целиот овој настан се случува во најсветиот месец за муслиманите Рамазан. Слободата на религијата е загарантирана со Устав и закон, а дискриминацијата врз основа на религија е забранета и од тука произлегува дека институциите мора да ги почитуваат законите и да ги почитуваат начелата на религиска толеранција. Загрижува фактот што ова доаѓа од просветни работници кои имаат благородна и хумана професија преку која ги образуваат и воспитуваат идните генерации на почит на различностите кои се богатство на нашата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ромските здруженија на протест против полициската бруталност

Катерина Ѓуровски

Кампања „Горди Роми“ во пресрет на пописот

Ана Ололовска

Аваја: Да се зголеми буџетот наменет за Роми

Ана Ололовска

Шаќири од „Аваја“: Враќање на работа на полицајците кои ги тепаа Ромите од Битола е недозволиво

Габриела Димковиќ-Мишевска

АВАЈА: Предводникот на коалицијата „Можеме“ Заев вети видливи промени за ромската заедница

Ана Ололовска

Граѓанското движење „Аваја“ продолжува со кампањата „Мојот глас – Твоја должност“

Ана Ололовска