Кампања „Горди Роми“ во пресрет на пописот

Од:

Граѓанската иницијатива Аваја денеска на прес-конференција ја претстави новата кампања „Горди Роми“, која ќе се одвива во пресрет на пописот најавен за април годинава.

Кампањата ќе има за цел да го афирмира идентитетот на Ромите, со цел ромската заедница да го искаже својот идентитет гордо, без никакви притисоци и манипулации, како и да ја информира ромската заедница за пописот како процес кој ќе се одвива во периодот кој следува.

– Како движење имаме за цел сите припадници на ромската заедница во нашата држава целосно да бидат опфатени со пописот и слободно да се изјаснат за својата припадност. Аваја својата работа ќе ја организира преку кампања на 31 од вкупно 50 пописни региони, со цел да ги опфати сите урбани и рурални места каде што живеат Роми, почитувајќи ги сите протоколи за заштита од Ковид-19, информира Елвис Шаќири, претставник на тимот за застапување на Аваја.

Според него, државата треба да и обезбеди на ромската заедница да биде еднакво застапена во самиот процес на попишување, со обезбедување на фер попис, без манипулации согласно законот и со обезбедување фер учество во сите пописни структури од административни членови Роми во пописни реони, до инструктори и попишувачи.

Тој упати порака упати до другите етнички заедници да придонесат кон фер спроведување на пописот, без манипулации на ромското население, а до припадниците на ромската заедница слободно, без притисоци да ја искажат својата припадност.

Нивните очекувања се Ромите да бидат застапени во структурите за спроведување на пописот, бидејќи само така, според Алберт Мемети од Аваја, може да се обезбеди кредибилност и валидност на целиот попис.

– Даваме поддршка за спроведување на пописот на населението и сметаме дека овој попис е од особено значење за ромската заедница, бидејќи во нашата држава големината на заедницата дефинира се, почнувајќи од, тоа колку вработувања ќе имаме во јавната администрација, па се до тоа колку буџет за Ромите ќе се оддели, рече Мемети, апелирајќи да се овозможи ромските маала да бидат попишувани од Роми попишувачи.

Според Марија Сулејманова, претставничка на тимот за комуникација, досега ниту еден попис ја нема искажано реалната броја на Роми во нашата држава.

Голем дел од активностите од кампањата, како што најави таа, ќе се одвиваат онлајн на социјалните мрежи, а во употреба се става и веб страната на Аваја. Онлајн кампањата ќе вклучи и информативни содржини за значењето на пописот и самиот процес на неговото спроведување.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

АВАЈА: Девојче понижувано од наставничка во основно училиште во Кочани бидејќи носело шамија

Катерина Ѓуровски

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска