ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби од институциите направија логистика за бизнисите блиски до нив, затоа нема пари за учебници

Од:

Ковачевски и Груби ја урнисаа државата, институциите не се во можност да извршуваат основни функции, затоа што се е насочено како логистика на бизнисите на луѓето блиски до нив. Најскандалозната изјава ја даде министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој кажа дека МОН нема пари да ги испечати сите учебници за средно образование велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа изјава е доказ колку е мизерна власта. МОН има над 450 милиони евра буџет, а нема за учебници. Каде тогаш ги трошат парите? Оваа влада троши историски најголем буџет, а нема пари за учебници. Каде се парите на граѓаните? Одговорот се крие во следните неколку реченици:Владата има пари за криминален надзор од 22 милиони евра, а нема за учебници.Владата има пари за братот на Груби, а нема за учебници.Владата има пари за субвенции на фирмата основана од Ковачевски за фабрика во ТИРЗ Тетово, а нема за учебници. Владата има пари за златен прибор, а нема за учебници. Владата има пари за бифтеци за Маричиќ, а нема за учебници. Владата има пари за службени возила, а нема за учебници. Оваа владата на чело со Ковачевски и Груби има пари за се, само не за тоа што е од интерес на граѓаните, затоа треба да си замине, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски