Украинци во Србија со брод шверцувале над 12 тони нафта

Од:

Српските цариници спречија обид за шверц на 12.650 литри нафта скриени на брод со украински екипаж, кој пловел под австриско знаме, во цистерни кои требало да содржат вода, соопшти денеска српската Царинска управа.

Прекршокот е откриен при контрола на влезот на Дунав меѓу Романија и Србија, на граничниот премин Велико Градиште. Бродот пловел под знамето на Австрија, а на него имало седумчлен украински екипаж.

При проверка на документацијата на бродот и мерење на количеството на погонско гориво било констатирано отстапување, па деталната проверка покажала дека таканаречените баласт резервоари биле наполнети со повеќе од 12 тони нафта, иако требало да содржат вода која служи за одржување рамнотежата и стабилноста на садот.

Според итна постапка во прекршочниот суд, прекршителите се должни во државниот буџет на Република Србија да уплатат повеќе од три милиони динари или околу 25.420 евра на име противвредност на шверцуваното гориво и казни.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија