Кремљ: Имаме уникатно оружје со кое можеме да ги уништиме САД

Од:

Николај Патрушев, секретар на рускиот Совет за безбедност, предупреди дека Русија има оружје да го уништи секој непријател, вклучително и Соединетите Држави, доколку почувствува дека нејзиниот опстанок е загрозен.

„Американските политичари, заробени од сопствената пропаганда, сè уште се убедени дека, во случај на директен конфликт со Русија, САД се способни да извршат превентивен ракетен напад, по што Русија повеќе нема да може да одговори. Ова е кратковидна глупост и е многу опасно“, изјави Патрушев за државниот весник Росискаја газета.

„Русија е трпелива и не заплашува никого со својата воена предност. Но, таа има модерно уникатно оружје способно да уништи секој противник, вклучително и Соединетите држави“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов