(ВИДЕО) Шефицата на Russia Today во емисија: Мајкл, не ме прекинувај, ќе ти ги извадам очите

Од:

Главниот уредник на руската државна телевизија „Русија тудеј“ и една од најпознатите пропагандисти на Путин, Маргарита Симонјан, гостуваше во емисија на руската телевизија.

Во емисијата се дискутираше за наводните западни закани за Русија, а гостите дебатираа дали САД сакаат да започнат нуклеарна војна.

Се споменуваше и дека Русија и САД, освен Украина, во минатото биле на конфликтни страни во Виетнам и Северна Кореја. Симонјан потоа го раскажа своето искуство од Виетнам, велејќи дека таму луѓето питаат на улица.

Во емисијата гостин беше и Мајкл Бом, американски новинар со руска адреса. Тој е чест гостин на емисиите на руската државна телевизија.

Во еден момент тој ја прекина Симонјан, а таа му возврати да не ја прекинува или ќе му ги извади очите.

„Уште една нормална ноќ на руската телевизија“, коментира Џулија Дејвис, колумнистка на Дејли Бист која редовно објавува клипови од руските преноси.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски