Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Од:

Црногорските државјани кои беа уапсени вчера при запленувањето на 489 килограми кокаин во Уругвај добија мерка притвор до 120 дена.

Во повеќемесечната акција „Виртус“ во таа јужноамериканска земја беа уапсени 16 лица, меѓу кои и државјани на Уругвај и Боливија.

Според медиумите, тие се товарат за различни кривични дела поврзани со шверц на дрога, пренесува Вијести.

За граѓаните на Црна Гора, уругвајските медиуми пишуваат дека според полицијата „тие би можеле да бидат дел од балканскиот клан, голема мрежа на организиран криминал што дејствува во Европа“.

Се претпоставува дека кокаинот бил произведен во Боливија, од каде го продолжил патувањето кон северот на Аргентина.

Дрогата била спакувана во 450 пакувања со логотип со ликовите на хероите на Дизни, Мики Маус и Плутон.

Се наведува и дека проценетата вредност на запленетиот кокаин е околу 16 милиони долари.

Според аргентинските медиуми, властите биле запознаени со шверцот на товарот со дрога, а бил следен и транспортот за да се уапсат организаторите и да се добијат повеќе информации за нивниот начин на работа.

Според „Ел опсервадора“, државјани на Црна Гора биле уапсени при рација во куќа лоцирана на шеталиштето во градот Сиудад де ла Коста. Се наведува дека државјани на Црна Гора се на листата на сини барани на Интерпол.

Во акцијата запленети се оружје, стотици илјади долари и аргентински пезоси, три автомобили, камион, два чамци, трактор и осум мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски