Беќаровски: Дали поверувавте дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче

Од:

„Секој доктор кој ќе го прочита извештајот од ДСЗИ ќе се сложи дека колешките од Битола го направиле максимумот кој го имале на располагање. Секој здравствен работник добро знае каква траума е кога го давате најдоброто од себе, а сепак пациентот го губите. Можете само да претпоставите каков е шокот кога тоа е младо беспомошно девојче кое починува во Вашите раце“, напиша доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи.

„Секој од нас во својата кариера се соочил со вакви траорни моменти на немоќ и покрај енормниот вложен труд и желба да го направи најдоброто.

Тоа се тие моменти кога искрено сакате никогаш да не сте го облекле белиот мантил, а оставаат лузни кои никогаш не исчезнуваат. Со денови, месеци, некогаш и години се преиспитувате дали сте можеле да постапите поинаку. Не е случајно што просечниот докторски живот е пократок за цели пет години од просечниот животен век.

Можам да го разберам, но не и да го оправдам гневот на сите оние кои овие денови рафално стрелаа по белиот мантил без релевантни податоци. Народот е гневен од целокупната состојба и бара жртви. Но дали за момент помисливте дека тие две докторки имаат семејство, деца.

Дали поверувавте дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче.

Можеби некогаш ни фали повеќе знаење, многу почесто ни фали модерна и брза дијагностичка апаратура која ќе ни помогне да дојдеме до вистинската дијагноза, за жал не така ретко ни фали и соодветна терапија, која знаеме дека ќе помогне но ја немаме, но верувајте за овие 34 години носење на белиот мантил, ретко сум видел колеги без емпатија кон вистински болните пациенти.

Да, и ние понекогаш грешиме, бидејќи не сме совршени, уште помалку безгрешни богови.

Да, треба да бидеме напаѓани и плукани секогаш кога нема да има максимална совесност, бидејќи ни го давате на доверба најскапото, Вашиот или животот на Вашите најмили, но немојте да жигосување по првите сензационални написи по порталите.

Вистината секогаш на крајот излегува на виделина, но траумите нанесени на инволвираниот персонал остануваат, а премногу малку бели мантили останавме.

На крајот моето најдлабоко сочувство до семејството на починатото ангелче и искрена подршка за колегите од битолската болница кои не го затемнија белиот мантил, а преживеа невидени стресови“, додава Беќаровски.

Би можело да ве интересира

Немало грешки во лекувањето на малата Јана – Нема кривично дело за смртта, пресече Обвинителството

Анита Петровска Рајковиќ

Мирен протест на битолчани пред болницатa „Др. Трифун Пановски“

Горан Наумовски

МЗ се уште го чека извештајот од обдукцијата на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница

Ана Ололовска

Шестгодишната Јана прележала ковид, а вирус и ги воспалил мускулите –Немало грешки во лекувањето според надзорот

Катерина Ѓуровски

Јовески за случајот со шестгодишната Јана: Го немаме добиено извештајот од обдукцијата, обезбедуваме други докази

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“ – битолчани излегоа на протест за малата Јана

Горан Наумовски