Медведев: Москва се подготвува за украинската контраофанзива

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Москва се подготвува за украинска контраофанзива, додека Киев тврди дека руските сили „се издишале“.

„Тие (украинската страна) се подготвуваат за офанзива, сите го знаат тоа. Нашиот генералштаб го зема тоа предвид и подготвува свои решенија“, рече Медведев во петокот во интервју за руските медиуми.

Медведев, кој е заменик-претседател на Советот за безбедност на Путин, дополнително предупреди дека Москва е подготвена да го употреби „апсолутно секое оружје“ доколку Украина се обиде да го врати полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година