СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ трупаат нови долгови за граѓаните, Прилеп се задолжува

Од:

Наместо проекти и решенија за развој, градоначалниците и советничките групи од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и трупаат нови долгови за граѓаните.Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Прилеп се подготвува да издаде обврзница, во вредност од милиони евра за изградба на кружен тек, откако удри по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги, водата и паркингот велат од СДСМ.

– Претходно градоначалникот на Гази Баба ја задолжува општината со обврзница од пет милионои евра, а неговиот пример го следеше општина Бутел, со обврзница од два милиони евра. Постапка за издавање обврзница спроведе и општина Аеродром, а обид имаше и општина Штип. Гевгелија, Охрид, Битола, Штип и Радовиш се дел од општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги зголемија цените на комуналните услуги. Прекинати проекти, партизација, задолжување на општините и долгови за граѓаните, се одлика на работењето на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Локалната власт предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се покажа како најнеспособна во историјата на државата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите