ВМРО-ДПМНЕ: Груби се вади со лаги, неговото министерство исплатило пари на туристичката агенција на брат му Ветон Груби

Од:

Артан Груби безочно ја излажа јавноста. Тој кажа дека министерството кое го управува не исплатило средства на компанијата на неговиот брат, а вистината е дека министерот Артан Груби директно плаќал на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби. Ова не е единствена исплата на народни пари на име на ЕТЦ Травел. И Владата во периодот од 2020/21 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Да потсетиме дека оваа туристичка агенција на Груби беше дел од скандалот со деловниот простор во центарот на градот кој го купиле по цена од багателни 700 евра за квадрат. И во овој случај, како и во случајот со директната исплата на средства од Груби за Груби, постои основан сомнеж за злоупотреба на позицијата. Колку повеќе афери и криминали се поврзуваат со Артан Груби, толку тој стана многу понервозен. Затоа Груби со груби лаги сака да се вади, ама уште повеќе се заплеткува. Скандалозниот тендер за надзор на изградбата на автопатите од 22 милиони евра, сомнителната продажба на хотел на Попова Шапка, фирмата за баждарење и уште многу скандали се поврзуваат со Груби. Јавното обвинителство треба час поскоро да се позанимава со овие случаи, а доколку ги забошотува, тогаш и самите тие стануваат негови соучесници.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски