Агенција за храна му одговори на ВМРО: Од 117 службени возила регистрирани се 79, во тек е избор на осигурителна компанија

Од:

Политикантски и тенденциозни се последните обвинувања на Цветан Трипуновски од ВМРО – ДПМНЕ дека во прашање е доведено спроведувањето на инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство поради нерегистрирани возила, алудирајќи дека поради тоа се доведува во прашање безбедноста на храната и здравјето на граѓаните, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Одговорно тврдиме, граѓаните јадат безбедна храна, контролите, редовните, вонредните и оние по мониторинг програмите редовно се спроведуваат и ниту во еден момент, ниту било, ниту ќе е доведено во прашање нивното извршување. Агенцијата располага со 117 службени возила од кои 79 во моментов се регистрирани, а за остатокот во тек е јавна набавка за избор на осигурителна компанија.

Во функција на немање застој во спроведувањето на инспекциските контроли, направен е распоред за најрационално искористување на регистрираните возила и тој беспрекорно функционира, во функција на граѓаните. Повлекувањето на производи од маркетите, што за Трипуновски е сомнеж, за АХВ е само потврда дека инспекциските контроли беспрекорно се спроведуваат и дека граѓаните јадат безбедна храна.

Паушалното тврдење дека во државава беснее свинската чума е само уште една потврда во низата непознавање на состојбите од страна на Трипуновски, за кои, ако сака може да се информира. Состојбата со болеста африканска чума кај свињите кај домашната популација е мирна и потврда за тоа е фактот дека последниот позитивен случај кај домашните свињи во земјава, АХВ официјално го потврди на 29 ноември минатата година“, велат од АХВ.

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ претходно ја обвини Агенцијата дека не може да излезе на терен и да врши проверки затоа што директорот не ги регистрирал навремено возилата, дека се повлекуваат сомнителни прехранбени производи и се увезува храна која не се контролира, а инспекторите се со врзани раце заради неажурност на директорот Николче Бабовски.

Би можело да ве интересира

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ пронајдени бактерии

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски