Шојгу: Можен е нуклеарен судир меѓу Русија и Западот

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди на можен „нуклеарен судир“ меѓу Москва и Западот, јави руската новинска агенција Интерфакс.

Според руските медиуми, Шојгу рекол дека остануваат се помалку чекори пред евентуален инцидент. Шојгу одговори на извештаите во медиумите дека Велика Британија ќе и достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниум. Тој додаде дека таквиот потег ќе доведе до одговор од Русија.

Претходно денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го нарече британскиот план „сценарио за Југославија“, велејќи дека муницијата предизвикува рак и ја оштетува животната средина.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски