Америка и испраќа на Украина нов пакет помош во оружје и опрема, вреден 350 милиони долари

Од:

Американскиот Стејт департмент денеска објави дека САД ќе испратат на Украина нов пакет помош во оружје и опрема во вредност од 350 милиони долари, пред очекуваната пролетна офанзива.

Најновиот пакет на американска помош вклучува големо количество различни видови муниција, како што се ракети за артилериски системи, резервоари за гориво и чамци, пренесе АП.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека пакетот содржи и муниција за хаубици, борбени возила Бредли, ракети HARM и противтенковско оружје.

„Само Русија може да ја заврши својата војна денес. Додека Русија не го направи тоа, ние ќе бидеме обединети со Украина се додека тоа е потребно“, изјави Блинкен.

Оружјето за помош на Украина ќе биде земено од залихите на Пентагон по наредба на претседателот Џозеф Бајден, за да може брзо да биде доставено до фронтот.

САД обезбедија повеќе од 32,5 милијарди долари воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков