(ВИДЕО) Руските војници снимија нова порака за Путин: „Владимир Владимирович, реши го ова“

Од:

Во слабо осветлена просторија, десетина мажи во руски воени униформи, со скриени лица, стоеја околу маж кој читаше писмо упатено до претседателот Владимир Путин.

„До денес оружјето и муницијата не сме ги добиле“, вели човекот. Тој истакнува дека е припадник на 580-та посебна хаубичка артилериска дивизија од Серпухов, град на 100 километри јужно од Москва, единица која моментално е стационирана во Доњецк, источна Украина.

„Бараме нашите момци да се повлечат од овој напад бидејќи ја немаат потребната обука или искуство. Почитуван Владимир Владимирович, ве молам решете ја оваа ситуација“, вели човекот, чиј глас е вештачки искривен за да го заштити неговиот идентитет. Ова е само еден од низата апели што се појавија на руските канали на Телеграм од средината на февруари, пишува Вашингтон пост.

Во снимените пораки, руските војници се жалат дека нивните команданти ги испраќаат да се борат и да гинат на фронтот.

Рускиот медиум „Вјорстка“ пресметал дека во изминатиот месец регрутирани војници од најмалку 16 руски региони се појавиле на видео снимки во кои се повикува Путин да интервенира.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година