Медведев: Сакаат да му судат на претседател на нуклеарна сила, последиците ќе бидат монструозни

Од:

Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата недела издаде налог за апсење на Владимир Путин.

Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Меѓународниот кривичен суд (МКС), покрај Путин, издаде и налог за апсење на неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, по истите обвиненија за нелегална депортација на украински деца.

Судиите на претходна постапка на МКС оценија дека постојат „разумни основи да се верува дека двајцата осомничени сносат одговорност за военото злосторство илегална депортација на населението и незаконско префрлање на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација, на штета на украинските деца“. Судиите размислуваа за издавање тајни налози за апсење, но заклучија дека нивното објавување може да „придонесе за спречување на понатамошни злосторства“.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Владимир Путин ќе има сериозни последици за меѓународното право.

„Тие одлучија да му судат на претседателот на нуклеарна сила што не е дел од МКС по истите основи како САД и другите земји. Последиците за меѓународното право ќе бидат монструозни“, напиша Медведев на Телеграм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели