Нетанјаху не се откажува од изборот на судии, Бајден: Неопходно е да се најде компромис

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден вчера му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека демократските вредности се белег на американско-израелските врски и дека го поддржува постигнувањето компромис за жестоко оспоруваните судски реформи.

Според неговата канцеларија, Нетанјаху го уверил Бајден дека демократијата во Израел е здрава, пренесува Ројтерс.

Откако беше реизбран кон крајот на минатата година за шеф на една од најдесничарските коалиции во историјата на Израел, Нетанјаху се залага за промени во судството што ќе и дадат на неговата влада поголемо влијание врз изборот на судии и ќе ги ограничат овластувањата на Врховниот суд за поништување на пропис.

Планот предизвика загриженост за демократското здравје на Израел, како и за масовни протести. Во неделата, стотици израелски резервисти во елитните воени и разузнавачки единици изјавија дека се приклучуваат на протестите.

Бајден „го истакна своето верување дека демократските вредности отсекогаш биле и мора да останат белег на односите меѓу САД и Израел“, соопшти Белата куќа.

Додаваат дека Бајден зборувал за важноста на т.н механизам за сопирање и балансирање и барање широка поддршка во правењето фундаментални промени.

Канцеларијата на Нетанјаху објави дека израелскиот премиер му рекол на Бајден „дека Израел бил и ќе остане силна и енергична демократија“.

Партијата Ликуд на Нетанјаху подоцна соопшти дека коалицијата одлучила да ги протурка промените за да ѝ даде на владата одлучувачки збор во изборот на судии до 2 април, кога парламентот ја прекинува работата поради едномесечна пауза.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски