Адријана Лима е на удар на критики откако на крајот на август минатата година стана мајка по трет пат.
Ја исмеваа поради изгледот по породувањето, кој драстично се разликува од претходно, а многумина веруваат дека таа „поправила“ нешто на лицето.
Познатата бразилска манекенка беше особено нападната по неодамнешните награди на ФИФА во Париз. Реакциите се сведени на заклучок дека повеќе не личи на себе. Сепак, една од најубавите жени на светот реши брутално да им одговори на дежурните критичари.
На новите фотографии кои ги објави на Инстаграм изгледа како старата Адријана. Oвој пат коментарите се многу попозитивни.