Ковачевски: Мицкоски е како мојот внук, бара да му купам Плејстејшн наместо да се фати за работа

Од:

Прашањето за предвремени парламентарни избори е затворено и тие ќе се одржат следната година веднаш по редовните претседателски избори на кои ќе победи СДСМ, порача премиерот Димитар Ковачевски.

– Мицкоски најавуваше избори во декември, па тврдеше дека има мнозинство од 61 пратеник за да го распушти Парламентот, но прашањето за тоа е затворено. Изборите ќе бидат во нивниот редовен терминм прво претседателски на кој ќе победи коалицијата на СДСМ и потоа на парламентарни избори на кои СДСМ ќе формира проевропска влада.

ВМРО има 50 општини, а ништо не работи. Почнаа да се фалат со проекти од претходни градоначалници, потоа се караа со Данела Арсвоска, а сега сите активности изумреа.

Јас имам еден внук Никола. Му велам: Земи книгата, учи работи за да напредуваш, а тој ми вика купи ми Плејстејшн. Ова ме потсетува на однесувањето на Христијан Мицкоски кој како мојот внук Никола наместо да се фати за работа, бара да му купам плејстејшн. Сметам дека и тие треба повеќе да се посветат на работа во општините. Предвремени избори нема да има – истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

Мицкоски: Добрососедството е важно, но македонскиот идентитет нема цена

Мицкоски: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН – ЕКОСОК