Манекенот Џеф Томас се самоубил скокајќи од балконот на својот стан, пренесува „ТМЗ“.
Познатиот топ модел имаше 35 години.
Полицијата се уште истражува, смртта се третира како самоубиство, но резултатите од обдукцијата за конечната причина за смртта допрва треба да бидат објавени.
View this post on Instagram
Тие исто така рекоа дека добиле повик на 8 март дека телото на Томас било пронајдено откако тој наводно скокнал од балконот на неговиот стан во Мајами.
Томас беше многу популарен на социјалните мрежи, со повеќе од 120.000 следбеници на Инстаграм.
View this post on Instagram
Фановите, следбениците и пријателите го преплавија неговиот Инстаграм профил со пораки на тага откако ја прочитаа веста за неговата прерана смрт.