Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение остро ги демантира како манипулации и груби невистини наводите на СДСМ кои денеска ги изнесе портпаролот на таа партија Петре Шилегов.

– Личноста за која СДСМ зборува, не е, ниту пак некогаш била советник на премиерот Никола Груевски. Госпоѓата Јовановска-Типко беше избрана за интервју по објавениот оглас на кој можност за пријавување имаа сите граѓани на Република Македонија, а во согласност со целокупната законска регулатива која се однесува на начинот на избор на амбасадори на Република Македонија. Притоа, во постапката се запазени сите институционални чекори и се добиени позитивни препораки од сите надлежни државни институции, се вели во соопштението.

Воедно, се посочува дека СДСМ свесно лаже, за да создаде забуна во јавноста.

– За разлика од времето кога СДСМ раководеше со Република Македонија, сега на сите граѓани им се гарантирани еднакви можности да ги презентираат своите квалитети и да конкурираат за која било одговорна позиција. СДСМ очигледно жали за времето кога само деца од нивните фамилии имаа можност да напредуваат во кариерата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ