После шест недели натпревар, конечно е познат победникот на Мелодифестивален. Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија.
Победи со песната Tattoo (Тетоважа) и ќе се обиде по втор пат да ја однесе победата во Евровизија. Од почетокот на натпреварот се претпоставуваше дека Лорин ќе победи, а Шведска поради нејзиното учество уште од почетокот пак е на листата на фаворити на Евровизија.
Фановите на Евровизија полудеа за Лорин. Нејзината песна веќе некое време е на топ листите во Велика Британија и Ирска, а Твитер е полн со објавување за неа со недели.
Лорин е позната на пошироката јавност за песната Еуфорија, со која победи на Евровизија во 2012 во Баку. Покрај Еуфорија, Лорин има и многу други хитови.