ВИДЕО: Уште еден фаворит за победа на Евровизија

Од:

Ерменската претставничка на овогодинешната Евровизија, пејачката Brunette, пред два дена ја објави песната Future Lover, со која ќе се натпреварува во Ливерпул, а песната веќе собра повеќе од милион прегледи на официјалниот YouTube канал на Евровизија.

„Победник“, „Оваа песна ми ја допре душата“, „Моќна работа. Ќе заврши високо“, „Фантастична“, „Ерменија сервира квалитет“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови.

Brunette е популарна и на Инстаграм, каде ја следат 280.000 луѓе.

21-годишната пејачка, чие вистинско име е Елен Јеремјан, пее од својата четиригодишна возраст, а пред шест години почна да пишува текстови за своите песни.

„Многу сум среќна што можам да го споделам ова со вас. Самата создавам музика, а овој пат ќе ја споделам со европска публика“, напиша Елен на социјалните мрежи.

На 18-годишна возраст, Елен го издаде својот деби-сингл Love the Way You Feel. Минатата година ги објави песните Gisher, Smoke Break и Bac kapuyt achqerd.

Би можело да ве интересира

Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија

ВИДЕО: Претставникот на Србија на Евровизија, Лук Блек објави: „Јас сум геј“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Лук Блек е српскиот претставник на Евровизија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фаворитот за победа на Евровизија ги „разнесе“ фановите со својот настап во Шведска

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Таа е една од фаворитите: Фановите се воодушевени од францускиот претставник на Евровизија

ВИДЕО: Фаворитот победи, ќе ја претставува Италија на Евровизија

Предраг Петровиќ