Русите објавија што ќе прават со станот на Зеленски на Крим

Од:

Началникот на Крим Сергеј Аксјонов во интервју за кримското издание на РИА Новости изјави што ќе прави Русија со станот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленски во Лидваја, Крим. Аксјонов вели дека станот на Зеленски ќе биде даден на луѓе на кои им е потребен.

„Прво, се обидуваме да ги национализираме тие објекти кои му носат приход на непријателот. Целта овде не е да му го одземе станот на Зеленски, туку да ги победиме. И ќе победиме, тоа е единственото опција, станот на Зеленски или ќе биде даден на сиромашните или на големото семејство“, изјави Аксјонов за РИА Новости Крим, пренесува порталот Севастопол.

За време на претседателската кампања во 2019 година, канцеларијата за односи со јавноста на Зеленски објави дека неговата сопруга Олена купила имот на Крим во 2013 година. Тие објавија дека Зеленски ги платил сите даноци и такси при купувањето.

Државниот совет на Крим предложи легализирање на присилната конфискација на имотот на непријателските земји и странските граѓани кои вршат непријателски дејствија против Русија.

Оваа иницијатива не беше поддржана од Претседателскиот совет за кодификација и подобрување на граѓанското законодавство. Русите национализираа над 130 имоти на Крим кои се во сопственост на луѓе кои го поддржуваат Киев.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп