Гутереш во Киев, се надева на продолжување на договорот за житото

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш пристигна во Киев со надеж дека ќе добие продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за извоз на жито склучен во летото минатата година, со што ќе се избегне глобален недостиг на една од основните прехранбени производи.

Договорот, склучен на 22 јули минатата година под покровителство на ОН и Турција, овозможува извоз на жито од украинските пристаништа кои беа блокирани поради непријателствата и истекува на 19 март.

Досега се извезени речиси 20 милиони тони жито.

Со цел да се обезбеди продолжување на Црноморската иницијатива за жито, Гутереш денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Договорот овозможи извоз на жито и други прехранбени производи од три пристаништа на Црното Море. Договорот за првпат беше продолжен во ноември, по тешки преговори.

Ова е трета посета на Гутереш на Киев од почетокот на војната. Според извори, тој нема намера да ја посети Москва пред истекот на договорот.

Би можело да ве интересира

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“