СДСМ: Коалицијата Арсовска-ДПМНЕ-Левица против проектот за Универзална сала

Од:

Коалицијата Арсовска-ДПМНЕ-Левица застана против проектот за реконструкција на Универзалната сала, каде работите стојат во место повеќе од една година, откако градоначалничката реши да не го продолжи овој проект велат од СДСМ.

– Не ја ставија ниту на дневен ред на Советот на Град Скопје иницијативата на советничката група на СДСМ за времено отстапување на Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, која е подготвена да ја заврши реконструкцијата. За реконструкцијата се обезбедени средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари. Владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – Левица во град Скопје и Арсовска, и покрај обезбедните средства, ја оставија Универзалната сала да пропаѓа. Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата на симболот на Скопје, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори. Арсовска-ДПМНЕ-Левица не ги засега ниту тоа што Универзална сала, како носител на проектот Скопје Европска престолнина на културата – 2028 година е влезена во потесниот избор се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус