Тетовската полиција извести дека вчера во 11.20 часот на наплатна станица „Желино“, Џ.А (40) од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон А.К.(34) и неговиот брат А.К.(32), при што двајцата се здобиле со повреди.
Ранетите А.К. и А.К. биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде им е укажана лекарска помош.
Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.