Видео како од научно-фантастичен филм: Се шири снимка од леден прст на смртта кој убива се што ќе допре

Од:

Снимката од ледениот прст на смртта кој полека се спушта од мразот во океанот – познат како леден сталактит или глечер на смртта – стана вирален на социјалните мрежи. Иако изгледа импресивно, како нешто од научно-фантастичен филм, замрзнува сè што ќе допре и остава замрзнати трупови зад себе.

Овој феномен може да се најде на Антарктикот, а се јавува кога солта ќе се исцеди од океанот за време на замрзнувањето на водата, што создава многу ладна и солена вода која е потешка од нормалната морска вода и затоа тоне.

Откако ќе удри во морското дно, се шири за да формира голема ледена плоча која брзо може да ги замрзне морски ѕвезди, ежови и други слични животни кои бавно се движат до смрт. Може да има дијаметар до 25 сантиметри и да расте и до неколку метри дневно, објаснува Гардијан.

Станува збор за сложен процес кој првпат е снимен во 60-тите години на минатиот век, првпат снимен од Би-Би-Си, а сè уште не е целосно објаснет.

Би можело да ве интересира

Знаете ли што сѐ фрламе во морињата и океаните? Последиците се страшни

Ана Ололовска

Студија: Океаните може да произведуваат шестпати повеќе храна отколку денес

Ана Ололовска

Нов систем за собирање пластика осмислен од 24-годишник

Наум Локоски

Седум интересни факти за океаните

Емир Латифовиќ