Арсенал оваа сезона има шампионски шарм. Го почувствува тоа Борнмут, кој водеше со 0:2 на „Емирати“, а на крајот загуби со 3:2. Рајан Нелсон со гол во 98.минута донесе триумф за тимот на Микел Артета.
Борнмут поведе по само девет секунди, кога Билинг го постигна вториот најбрз погодок во историјата на Премиерлигата. Арсенал долго напаѓаше за израмнување, а потоа стигна шок со голот на Маркос Сенеси во 57.минута, за 0:2.
Но, Арсенал не се предаде. Томас Парти намали, а Бен Вајт во 70.минута го израмни резултатот. Во судиското продолжение, Рајан Нелсон даде и гол за победа.
Челси конечно победи, на „Стемфортд бриџ“ беше совладан Лидс Јунајтед со голот на Весли Фофана во 53.минута. Вулверхемптон го победи Тотенхем исто така со 1:0, со голот на Адама Траоре во 82.минута, а Брајтон беше убедлив (4:0) против Вест Хем. Астон Вила минимално славеше против Кристал Палас со 1:0.
Извор: Топспорт