А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Активни пожари кај Осломеј и Македонски Брод

by А1он06/09/2013 - 10:24153
Share0

Кај селото Осломеј, кичевско и во општината Македонски брод има активни пожари кои, како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, се очекува во текот на денот да бидат локализирани.

Следете a1on на Instagram Instagram

На територија на општина Кичево, кај селото Осломеј вчера се појави пожар на непристапен терен, со кој е зафатена ниско стеблеста шума.

Поради непристапноста на теренот гасењето од копно е оневозможено и по барање на градоначалникот на општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување утринава во 6:40 часот се активирани двата противпожарни авиони Ер трактор за да се локализира пожарот и да не се дозволи тој да се прошири.

Во Македонски Брод вчера се појави пожар за кој според последните информации на подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување нема потреба од ангажирање противпожарни авиони. За локализирање на пожарот се анагажирани околу 40 лица од ЈП „Македонски шуми“ и Територијална противпожарна единица.

Следете a1on на Youtube YouTube

Се очекува во текот на денот пожарите да бидат локализирани.

Вчера избувнал пожар и во општината Чучер-Сандево, на потегот кон Блаце, но тој е локализиран.

pozar

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Предраг Петровиќ30/06/2026 - 17:27

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 14:55

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 10:25

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 15:21

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Предраг Петровиќ24/06/2026 - 19:15

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

Предраг Петровиќ22/06/2026 - 16:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто