Шефот на руската дипломатија е во Индија бидејќи во Њу Делхи се одржува самитот на Г20. Лавров вчера накратко се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Лавров сепак денеска зборуваше на конференција. Меѓу другото, тој на конференцијата рече дека Русија се обидела да ја запре војната.
Speaking in India, whose government has been sympathetic to Putin’s claims on Ukraine and helped Moscow mitigate the effect of western sanctions, Lavrov says “the war we are trying to stop was launched against us.”
The audience laughs at him.
— max seddon (@maxseddon) March 3, 2023
„Војната, која се обидовме да ја запреме, беше започната против нас користејќи ја Украина“, рече Лавров.
Додека тој зборуваше, луѓето од публиката гласно се смееја. Лавров застана за момент, но потоа продолжи да зборува.