Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во блиска иднина владата би можела да ги замрзне цените и на други основни производи, не само на лебот.
-Во Министерството за економија се прават анализи во однос на цените и на други основни прехранбени производи. Така што, во блиска иднина можно е да следува замрзнување на цените и на други коишто се сметаат за основни прехранбени производи.
Но, за тоа не би сакал да навлегувам во детали додека не бидат направени калкулациите. Кога ќе бидат направени и донесени соодветните одлуки веднаш ќе бидете информирани, рече Ковачевски.
Тој обвини дека се заработува на грбот на граѓаните и дека компаниите кои не сакаат да произведуваат и испорачуваат леб се тие компании кои добија најголеми субвенции за електричната енергија.
Дециден е дека одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб ,е донесена врз основа на законите за трговија, за заштита на потрошувачи и заштита од конкуренција.