Белгија изрази подготвеност да прими 4.000 бегалци од Сирија

Од:

Белгија е подготвена да прифати 4.000 сириски бегалци на своја територија, како и да обезбеди дополнителна поддршка за бегалските кампови во соседните земји на Сирија, изјави министерот за внатрешни работи Жоел Милке во интервју за весникот „Соар“.

Според неа Белгија треба да се инспирира од примерот на Шведска, која неделава објави дека ќе ги прифати сите сириски бегалци, што ќе побараат таков статус од локалните власти. Милке нагласи дека Белгија, исто така, ќе обезбеди неопходна помош за организациите кои работат во бегалските кампови.

Според податоците на Европската комисија бројот на сириските бегалци досега изнесувадва милиони, додека само 45.000 илјади од нив се во Европа. Од крајот на 2011 година досега Европската комисија обезбеди хуманитарна помош во вредност од 515 милиони евра за Сирија и соседните земји. Уште 328 милиони евра се обезбедени по линија на други инструменти на ЕУ со што вкупниот износ на финансирање од буџетот на ЕУ за Сирија достигнува 843 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on