Професионалниот велосипедист Антонио Тибери денеска е казнет со 4.000 евра затоа што ја убил мачката на својот сосед, министерот за туризам и пошти на Сан Марино, Федерико Педини Амати, јави Би-Би-Си.
Тибери рече дека ја тестирал воздушната пушка и го вперил оружјето кон мачката и пукал. Неговиот тим Трек-Сегафредо го суспендираше на 20 дена.
„Мачката никому не му пречеше. Таа беше со нас долго време. Мојата тригодишна ќерка Лусија многу го сакаше. Не можете да убиете домашно милениче и да се извлечете со казна од 4.000 евра“, изјави Педини Амати за Corriere della Sera.
Трек-Сегафредо рече дека најостро го осудува чинот и ќе ја донира суспендираната плата на Тиберио на организација за заштита на животните.
Тимот очекува Тибери да ги преземе неопходните чекори за да покаже каење и да стане подобра личност, се вели во соопштението на тимот.
Тибери, кој беше светски шампион во јуниорски хронометар во 2019 година, неодамна се пресели во Сан Марино, пренесува Танјуг.