ВИДЕО: Мачка скокна од петти кат за да се спаси од пожар, доскокот за највисока оценка

Од:

Една мачка во Чикаго, обидувајќи се да избега од пожар кој зафати зграда во американскиот град, скокна од петтиот кат и помина без никакви повреди, јавија американските медиуми.

Противпожарната единица на Чикаго ја објави снимката од неверојатниот скок на црната мачка, која се приземји на парче од тревник, откако се појави на прозорецот од просторијата од која излегуваше чад.

На снимката се слуша како минувачите исплашено реагираат на одлуката на мачката да скокне, но таа елегантно се приземји на сите четири шепи, отскокна еднаш од земјата и побегна под најблискиот автомобил.

„Избега под мојата кола и се сокри додека не се чувствуваше подобро, по неколку минуту. По ова, таа излезе и се обиде да се качи по ѕидот и да се врати во зградата“, изјави портпаролот на чикашките пожарникари, Лери Ленгфорд.

Мачката не е повредена, потврди тој, додавајќи дека се обидува да го најде нејзиниот сопственик. Нема повредени ниту во пожарот, кој бил ограничен на еден стан во зградата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Индиец уапсен зашто сакал неговото милениче „да лета“ со балон

Ана Ололовска

По 3.000 години, тасмански ѓавол се роди во континентална Австралија

Ана Ололовска

Спасен кит-младенче кој заталкал во Темза во Лондон

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дива свиња „го прекрши“ полицискиот час и се прошета во центарот на Солун

Ана Ололовска

Црн пантер и ротвајлер живеат заедно и се сѐ попопуларни на интернет

Ана Ололовска

Мајмуните во две зоолошки во Чешка комуницираат преку Зум

Ана Ололовска