Авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец, Кина го обвини Вашингтон за поттикнување тензии

Од:

Извидувачки авион на американската морнарица вчера прелета над Тајванскиот теснец, јавува Си-Ен-Ен. Седмата флота на САД во соопштение рече дека летот P-8A Poseidon над теснецот што ги дели Кина и Тајван бил извршен „во согласност со меѓународното право, што ја покажува посветеноста на Соединетите држави за слободен и отворен Индо-Пацифик“.

Но, портпаролот на Источната команда на Народноослободителната војска на Кина (PLA), полковник Ши Ји, го обвини Вашингтон за поттикнување тензии.

„Американскиот лет намерно ја наруши регионалната ситуација и ги загрози мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец“, рече Ши. Тоа тврдење беше засилено во кинеските државни медиуми со приказна во националистичкиот државен таблоид Глобал Тајмс, во која се тврди дека летот на извидувачкиот авион на американската морнарица бил „само уште една провокација чија цел е да предизвика неволја“.

Во соопштението на Седмата флота на САД се вели дека САД ќе продолжат да „летаат, пловат и оперираат секаде каде што дозволува меѓународното право, вклучително и во Тајванскиот теснец“.

Кинеската комунистичка партија го смета Тајван, демократски управуван остров со 24 милиони жители, дел од нејзината суверена територија иако никогаш не го контролирала. Пекинг испраќа воени авиони и бродови во Тајванскиот теснец секој ден.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија