Најмалку 11 лица се ранети денеска во експлозија на бомба покрај женско училиште во Пакистан. Повеќето од ранетите се деца.
Нападот се случил во градот Бану, во северозападен Пакистан. Бомбата експлодирала на крајот од училишниот ден среде улица, полна со продавници, точно пред училишната зграда.
Меѓу ранетите има седум ученички и четворица минувачи.
Засега никој не презел одговорност за нападот.