Каевски: Капитулација на Мицкоски: Кога нешто ќе најави, се случува спротивно

Од:

Две и пол години, Христијан Мицкоски својата политика на темелеше единствено на најавите дека само што Владата не паднала и само што не се распишале предвремени парламентарни избори. Лажеше Мицкоски дека ќе има ново парламентарно мнозинство и 61 пратеник за распуштање на Собранието рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Во јануари оваа година, на големи верски празници Мицкоски најавуваше дека кон средината или крајот на февруари ќе обезбедел 61 пратеник кои ќе гласале за распуштање на Собранието, а веќе во мај ќе се одржеле предвремени парламентарни избори. Февруари изминува, а од најавите на Мицкоски нема ништо. Не само што нема 61 пратеник за распуштање на Собранието, туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство. Мицкоски слободно може да прогласи капитулација, затоа што се што тој најавува, на крајот се случува спротивното. Така беше и со почетокот на преговорите со ЕУ, кога лажеше за асимилација и бугаризација, така беше и со енергетската криза кога лажеше дека енергетскиот сектор ќе колабира и дека ќе нема доволно електрична енергија рече Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он