СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов

Од:

Скандалозни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов. Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов велат од СДСМ.

– Претходно и Христијан Мицкоски јавно рече дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија. Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа владеачката коалиција за бугаризација и асимилација, а зад грбот на граѓаните бугаризација прават ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД, со заеднички именител во нивниот претседател Ванчо Михајлов. Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје. Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов, кој самиот се сметал за Бугарин, а Македонија ја сметал за држава на Бугарите. ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот. Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, против европскиот пат на државата, против интересите на граѓаните се наведува во соопштениет од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните