Шолц: Не треба да се залажуваме за Кина

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не треба да се залажуваат во однос на Кина, која најави мировен план за Украина и изрази страв дека војната во која Русија нема и не смее да победи ќе трае долго.

„Не треба да се залажуваме за Кина, која досега не зазеде став против Русија“, изјави Олаф Шолц во интервју за германскиот канал ZDF.

Кина пред неколку недели објави дека е подготвена да посредува во решавањето на украинскиот конфликт и треба да претстави план за политичко решение на конфликтот во Украина по повод годишнината од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен на безбедносна конференција во Минхен изјави дека кинеските компании веќе и помагаат на Русија, а новите информации говорат дека и Кина може да испрати оружје, но Пекинг тоа го демантираше.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел предупреди во понеделникот дека евентуалната одлука на Кина да ја вооружи Русија ќе биде „црвена линија“ за Европската унија.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“