Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, јавува кинеската државна телевизија CTV. Земјотресот се случил во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
7.3 Earthquake Strikes Tajikistan, China and Pakistan#earthquake #quake #sismo
Long Version:https://t.co/aTbF7Rz0Ze pic.twitter.com/uxkh7Bzz9I— Meteor News (@FishNewsChannel) February 23, 2023
Земјотресот е регистриран на оддалеченост од околу 80 километри од границата со Кина, а силно е почувствуван во одредени области во кинеската област Ксинџијанг, вклучително и во Кашгар, јавува CTV.
#earthquake in #China occupied #Tajikistan #Mining collapsed !! pic.twitter.com/LtlNa79szg
— वेदिजा Yuliya (@A_Yagya_sanlI) February 23, 2023
Одделот за железници Ксинџијанг повика да се запрат патничките возови на делот Аксу до Кашгар на јужната железница Ксинџијанг, објавија државните медиуми.