Пожар на планинтата Мукос во Велешко

Од:

Пожар од кој е зафатена шума избувна денеска на пладне во велешко, на планината Мукос веднаш над Степанскиот манастир.

Диме Андонов од Шумското стопанство „Бабуна“од Велес информира дека според првичните информции нема опасност по манастирот и по селото. Екипи се пуштени на терен.

Инаку, по вчерашното привремено локализирање на пожарот над селото Мелница на Мелничка Планина во реонот на Чашка пожарот денеска е повторно активен. На терен во негово локализирање се десетина вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и месното население од селата Мелница и Горно Врановци.

Пожарот избувна уште во четвртокот, а во негово гаснење вчера беа вклучени авиони на Дирекцијата за заштита и спасување од кризи Со пожарот се зафатени од 150 до 200 хектари површина.

Според Андонов најголем дел од површините под пожар е со папрат, а во помал е бука и ниско стеблеста шума, но последиците по животната средина ќе бидат големи.

Би можело да ве интересира

Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

А1он

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он