По кривичната за Марјан-Доказ, кривични од Канал 5 за Саше-Мактел и Рубин-Народен глас

Од:

Говорот на омраза во одредени портали не е од вчера, но по апсењето на Марјан- Доказ, поднесени кривични пријави за уште два портала.

Телевизија Канал5 поднесе пријава против две лица за говор на омраза по што се очекува Јавното обвинителство да се произнесе. Кривичните се за сопствениците на порталите Мактел и Народен глас.

„Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи“ се вели во соопштението од телевизијата.

“Денес поднесовме пријава до МВР, а од таму ни одговорија дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор од и на омраза кон вработени во нашата компанија!“ велат од Канал 5.

Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме , гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице, велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.

Тие ги повикаа и јавно ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и другите физички и правни лица да пријават и да им се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали.

Веднаш се огласија од Македонската асоцијација на новинари МАН која ги повика надлежните од МВР, но и обвинителството во најкус можен рок да постапат по пријавата на Канал 5 против две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп „сопственици“ на два портала: Мактел и Народен Глас кои во континуитет пишуваат ксенофобични написи, написи кои навредуваат, шират говор на омраза и/или поттикнуваат насилство, сексизам, мизогинија, закани кај своите читатели дополнителни нагони на омраза.

„МАН ги повикува сите засегнати лица, медиуми и новинари кои прочитале дека се предмет на ксенофобични написи, написи кои навредуваат, шират говор на омраза и/или поттикнуваат насилство, сексизам, мизогинија, закани, да се придружат на пријавата на Канал 5 и доказите да ги достават до надлежните институции.

Истовремено, ги повикуваме сите компании и физички лица кои биле предмет на изнуда од наведените “сопственици“ на порталите Мактел и Народен глас да ги пријават случаите, а надлежните да постапат по допрен глас и да ги испитаат истите наводи, соопштуваат од МАН.“

Со своја реакција се јавија и од „Народен Глас“, велат Канал 5 телевизија ќе добијат тужба од ,,Народен Глас” и од уредникот Рубин Иваноски.

„ Канал 5, телевизијата поднела кривична пријава до МВР во која го обвинуваат уредникот на уредникот на ,,Народен Глас” Рубин Иваноски т.е. мене за ширење говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани?!

За ова телевизијата и уредникот Мирчевски ќе добиe тужба за клевета и ќе бидат пријавени во ЗНМ. Во исто време бараме телевизијата веднаш да се извини и да го повлече написот во кој неосновано се клеветат уредникот уредникот Рубин Иваноски и порталот ,,Народен Глас”.“, се вели во нивната реакција.

Би можело да ве интересира

Хајрулахи: Кривичната пријава против мене има тенденцијата да ме отстрани и замолчи

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

МВР: Кривична за адвокат од Ресен, употребил полномошно од 94 – годишно лице кое било починато

Кривична за шефот на кабинет на Спасовски, не дозволил вработување на инспекторка

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Кривични пријави против пет лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против две лица за „несовесно работење во службата“

Предраг Петровиќ