СДСМ: Мицкоски е претседател на злосторничко здружение ВМРО-ДПМНЕ сместено во нелегално стекнат Бел дворец

Од:

Христијан Мицкоски е претседател на партија која со судска одлука е потврдено дека е е злосторничко здружение. ВМРО-ДПМНЕ е сместена во Бел дворец, исто така со судски одлуки докажано дека е стекнато на криминален начин, на грбот на граѓаните реагираат од СДСМ на денешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Бројни судски пресуди со долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери и нивни признанија, доволно кажуваат до кој степен ВМРО-ДПМНЕ е криминогена партија. Оттаму, кога Мицкоски зборува за борба против криминал и корупција е како пироман да зборува за противпожарна заштита. Целата политичка кариера на Мицкоски му се сведе по секоја цена да го брани криминалот на неговиот ментор Груевски и неговите сопартијци и затоа не чуди што тој по одлуката на Судот во Стразбур со денови беше отсутен од јавноста, потонат во својот очај се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он